Томе Петрески нов ракометен тренер на РК Прилеп

0
1807

Челните луѓе на клубот се спогодиле со Петрески тој да седне на клупата, откако пред крајот на сезоната клубот остана без тренер, поради ненадејната смрт на Боро Чурлевски.

Screenshot_1

Сезоната ја заврши Ице Соколоски, кој и понатаму ќе остане во клубот, како помошник на Петрески. Ова претставува враќање на Петрески во старото јато, затоа што неговата играчка кариера почна во Прилеп. Доаѓа по една сезона во Беса, во Косово, со која ја освои двојната круна.

Претходно кратко го водеше и Пелистер. Прилепчани лани се вратија во Супер лигата и успеаја да се пласираат во плејофот, но таму завршија на последното шесто место, со еден освоен бод.

11415520_10206004318806038_8624563833864087680_o 10608437_10203815758105251_5416576813807797240_o

Извор : 10без10