ТОЛКУ ОД НОВИТЕ ЛИКОВИ – ВМРО ВО КУМАНОВО ЌЕ СЕ ТРКА СО ВЕЧНИОТ КУРТОН РЕЖИМСКИ ТОНИ ШАНАЦ!

0
2623

Денес заседавал Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и ги потврдил одлуките за кандидати за градоначалници на партијата на престојните локални избори. И во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени досега утврдените кандидати, објави на фејсбук лидерот Христијан Мицкоски.

„ВМРО-ДПМНЕ на овие избори настапува со многу нови ликови, со нова енергија, нова визија за развој, решавање на што повеќе проблеми. Најдоброто допрва доаѓа. И на крај, овие избори се повеќе од само локални, ова се работи за одлука каква општина, каква иднина сакате, и во каква земја сакате да растат вашите деца. ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа, на историски пресврт, за промени, за нов почеток, за покажување на дело дека има разлика, пишува тој.

За веднаш Мицко да биде демантиран – и тоа од порталот на Латас, во Куманово ќе се тркаат со Тони Шанац!

Дел од медиумите повторно шпекулираат со некои имиња. Вечер објави дека партиски фаворит за Куманово е актерот Тони Михајловски. Кандидат за Штип ќе биде пратеникот Иван Јорданов.

За Центар се шпекулира со професорката Наташа Котлар, коалициски кандидат од редовите на Глас за Македонија, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. На седницата на ЦК, според неофицијални информации, поддршка од партиските тела добиле и Кирил Пецаков како кандидат за Охрид и Борче Јовчески како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп.

Иако се очекувало, на денешната седница на партиското тело не беше донесена конечна одлука за кандидат за градоначалник на Кавадарци, иако се шпекулираше дека опозицијата ќе застане зад кандидатурата на Митко Јанчев. Во следниот пакет кандидати ВМРО-ДПМНЕ ќе го дефинира и името на кандидатот за град Скопје, за што се уште трааат внатрепартиските анкети.