Толковник на зборови и искази и граматичка анализа на времиња на интервјуто во Дневник

0
1938

Порака до членството:
Изјава: „Ќе се обидам да составам влада, но не по секоја цена“
Значење: Нема да составам влада. Подготвувајте се за опозиција.

Порака до ДУИ:
Изјава: „Во 2008 година, македонскиот електорат, особено вмровскиот, не сакаше коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, па таа се случи најмногу затоа што Албанците во Македонија сакаа ДУИ да ги застапува во владата“
Значење: Иако знам дека е невозможно сепак, да се обидеме во име на старата љубов да останеме заедно (или со јазик на тинејџерите „пер, ми дужиш“)

Порака до граѓаните:
Изјава: „На Албанците во Македонија нема да им помогне ако имаат двојазичност на цела територија, вклучувајќи ги и Делчево, Берово, Гевгелија или Кавадарци.“
Значење: На Албанците во Македонија нема да помогне двојазичноста, но на граѓаните во Делчево, Берово, Гевгелија или Кавадарци во голема мера ќе помогне бугарскиот пасош, неодговорната власт, девастираните институции, заглавената економија, сиромаштијата, европските „дезинтеграции“.

Порака до „своите“:
Изјава: „доколку ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија биде изиграна од ДУИ, независно кои ќе бидат причините за тоа, бидете убедени дека наскоро, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на голема врата во владата, и тоа најмалку два мандата по ред. И ќе бидеме без каква и да е обврска при составувањето на владата“.
Значење: Ќе ја жртвуваме шницлата сега за големиот вол во иднина.
Забелешка: Не пред „своите“. Оние кои си ги навикнал да ги задоволуваш на кратки рокови, да користат привилегии во моментот, не можеш одеднаш да ги навикнеш да размислуваат долгорочно. Едноставно, за нив, освен „овде и сега“, „некогаш и негде“ не е опција. Впрочем никој од нив не „трчаше“ за развојни цели, туку за инстант сатисфакција, кој ти вети дека ќе ја испорачаш. А сега пролонгираш за идно неопределено време. Ова не проаѓа.

И малку „за публика“
Изјава: „Ако сакаме да ја играме играта со платформи, нема проблем, така ќе тераме отсега“
Нема значење. Има проблем. Нема да тераат, зашто „отсега“ зашто за оние кои треба да „тераат“ е минато определено завршено време.

Фејсбук статус на Јулиана Николова, пратеничка на ЛДП