Тодорче со пешкирчето, Усташниот суд и грујофашизмот

0
1121

Не знам дали знаете, ама сите знаат, само јас не знаев, Ивонче го сака Латас. Ех, беше тоа интерес на прв поглед. Мириса на свадба, а државата смрди на порно филм. Не само заради Латас и Ивонче. Еве на пример, бившиот премиер, Љубчо Георгиевски си ја отвори душата и откри дека во 1993 година, бил сосед со минатонеделниот херој Тодор Петров, па бил поканет на кафе од Тодорче во неговиот стан и замислете Тодорче го пречекал гол како Прометеј само со пешкирче околу струкот. Ко го видел, Љубчо подголтнал од што му било непријатно, па морал да му ја објасни раликата меѓу Александар Македонски и Тодор Александров и заминал дома. Арно ама бил поканет уште двапати и пак Тодорче го пречекувал само по пешкирче околу струкот. Ми се отвори мистерија. Си викам: Зошто ко му било толку непријатно да го гледа гол сегашниот претседател на Светскиот македонски конгрес, Љубчо уште двапати го посетил. Мене на пример некој маж да ме покани на кафе и да ме пречека гол со пешкирче, повеќе не му стапнувам дома. Љубчо, мислам, извини вака, само гласно размислувам. Кој да ги разбере тие чудни вмровски мачоистичко-комитски релации?

Дека државата ни е порно, се покажа и со драмата околу кревањето на фалусните симболи на партиите во власта, орлите, крстот и еве сега пеесетметарскиот јарбол со албанското знаме што ќе се гради во Сарај. На кој му е поголем, тоа е целата приказна околу политичките програми, политичкиот дијалог и соживотот во Македонија. Кучешка рапсодија. Ајде да мочкаме и да го бележиме нашиот атар, за кога ќе почне срањето да знаеме до каде е наше. Мачоизмот е еден од симптомите на фашизмот. Мачо-приказните за војната, конечната победа и хероизмот се симптоми на секоја фашистичка власт, но тие се опасни приказни, па во меѓувреме не е лошо, тој мачоизам за херојството да се премести на сексуален план. Тогаш обично никнуваат двоглави орли и крстови од пеесет метри.

Ама тоа не значи дека ривалството тука завршува. Грујофашизмот и албанскиот етно-фашизам на ДУИ се голема опасност за идни ната на оваа држава, дури и ако успееме да се ослободиме од Груевски, зашто до сега сме виделе стопати, институциите на државата се неспособни да се справат националистичките провокации од двете страни, како и со дивоизградените национални и верски фалуси спонзорирани од национал-шовинистите кои имаат само една цел, да разгорат националистичка и верска омраза.

Тодорче како претседател на СМК и донатор на пеесетметарскиот крст ставен на погрешно место, изеде ќотек од припадници на албанската ДУИ што е вандалски чин и зборува многу за крајно опасните околности во кои живееме, кои ни висат како меч над нашите глави, без разлика што некои тврдат дека целиот тој настан беше изрежиран од ДУИ и ДПМНЕ за одвлекување на вниманието од големата криза во која се наоѓаме. Оти за да го користиш национал-шовинизмот во секоја згода, изрежиран или не, не е нешто што треба да се потцени со тезата дека Македонците и Албанците повеќе не паѓаат на тие штосови. Напротив, секојдневно сме сведоци дека во близина на мултиенитчките училишта и автобусите кои сообраќаат низ мултиетнички средини има инциденти и се под надзор на полицијата. Тоа никако не оди во прилог на муабетите за некој квалитетен соживот во иднина.

Што се однесува до Тодорче пак, никој посебно не се сожали на неговата црна судбина и ќотекот што го изеде, од причина што тој неколку пати до сега, со голема доза на цинизам посакал смрт на одредени политичари кои не се истомисленици со неговиот ментор Груевски. И навистина, толку ли е незаменлив што мора вечно да биде на чело на Светскиот македонски конгрес. Велат на тоа место е поставен од тајните служби со кои шурувал од мали нозе. Којзнае?

Грујофашистичкиот мачоизам се манифестира и преку презирот кон жената кој се открива преку партиските соопштенија и нарачани текстови кои имаат цел да ја компромитираат специјалната обвинителка Јанева. Неделава објавија текстови во кои тврдат дека шурата на Латас (овие латасовци ебачи сите до еден), ја сексал Катица. Мислам, дај, што има страшно во тоа, дури и ако некогаш ја сексал. Таа немала свој интимен живот пред да стане ова што е? Дали тоа ја прави курва? Дали тоа значи дека го губи легитимитетот за специјална обвинителка доколку имала секс пред да стапи на функцијата? Дали според законот специјалната обвинителка мора да стапи на служба невина? Ако со тој текст грујофашистите сакаа да сугерираат дека Катица се одмаздува на ДПМНЕ поради тоа што ја сексал шурата на Латас, тогаш најверојатно ја сексал лошо, па сега таа му враќа на целиот режим. Нема друго објаснување. Мора да си многу голем маж кога ја користиш сета моќ и власта за да компромитираш жена која никогаш не живеела блудно и згора на сѐ, не многу одамна останала вдовица.

Врвот на македонскиот порно дискурс беше одлуката на грујовиот Усташен суд кој донесе пресуда да се помилуваат осудени за изборни измами, дилери на дрога, педофили и други сексуални престапници. Граѓаните бурно реагираа на таа одлука. Барем оние граѓански освестените. На останатите приврзаници на грујофашизмот им е супер што утре некој од оние помилуваните ќе им подели хероин на нивните деца или брутално ќе ги силува во некоја шупа, па ќе ги задави или пак, сексуално ќе општи со нив откако ќе ги избоде со нож. Ама кој да им каже на тие незналици и слепци дека стрителите на тие тешки дела против децата секогаш го повторуваат делото кога ќе се најдат на слобода. И не само тоа, туку ќе го повторуваат сѐ почесто и со поголем жар, додека пак не бидат сопрени од силите на редот.

Ништо не е случајно, верувајте. Така е и во случајот со Усташниот суд на грујофашистите. Тој само следи една, со години запазена пракса, судската власт да замижува пред злото во државава. Сетете се на затворените случаи против припадниците на ОНА кои во 2001 година ги малтретираа мавровските работници, киднапираа и убиваа цивили. Сетете се на многу изречени благи казни за големи злодела. Сетете се на убиството на Мартин Нешковски. Ете го и маскарот во Смилковци за кој, не знам зошто, Македонија од Косово не успеа да ги добие двајцата главни осомничени за маскарот каде беа затворени за полесно дело, а еве сега, тие веќе шетаат слободно. И никој не излегува да му објасни на пристојниот свет како се случи да излезат на слобода. Сетете се на аболицијата на Доста Димовска за прислушувањето од тогашниот претседател Трајковски. Подоцна Црвенковски го аболицираше Заев, пред да се докаже дали е навистина виновен или не во случајот Глобал. И сега, нормално е некако што Груевски очекува неговиот Усташен суд да ѝ даде право на марионетката Иванов да аболицира сѐ што ќе му дојде под рака: местачи на избори, убијци од парамилицијата на ДПМНЕ, финансиски кримоси, дилери на дрога и педофили. Тоа се нарекува ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ЗЛОТО. Покажување среден прст на правдата и демократијата. Средниот прст на пратеникот Пешев. Чиста порнографија на постоењето.

Пишува : Сашо Тасевски