Ти препорачувам да дојдеш со мене на улица и заедно да протестираме, таму сигурно ќе се разбереме

0
1020

Денеска на градскиот стадиот се случил инцидент кога група „комити“ го нападнале раководството на ФК Шкендија.

Извесен Беким ме прозива на фејсбук а притоа дрско се обидува да манипулира дека наводно јас сум рекол дека се срамам од фактот дека сум Албанец. Сакам да го потсетам дотичниот дека јас никогаш нигде не сум го изјавил тоа. Да, точно е дека јас нашишав статус во кој го изразив моето разочарување ( „се срамам од албанските политички партии и невладени што не се придружуваат на отпорот“) но дотичниот или намерно ги меша овие работи или толку разбира па си ги толкува така како што му одговара.

Сакам јавно да кажам дека јас сеуште стојам зад таа теза и многу ми е драго дека веднаш после статусот лично неколку претставници на политичките партии ми се јавија и ме известија дека се приклучуваат на отпорот, факт кој искрено ме израдува, затоа што длабоко сум уверен дека само заедно можеме да ги пратиме во историја. Исто така многу жалам Беким дека ти сеуште не си сфатил во кака состојба ни се наоѓа државата. Сакам јавно да го осудам овој инцидент и се надевам дека напаѓачите ќе одговараат.

Сосема за крај да те потсетам почитувам Беким дека Никола Груевски и најголемата црна дамка во историјата на Македонија ( и најлош за Албанците ако веќе така сакаш да ги гледаш работите) и јас еве уште еднаш јавно ќе ти препорачам дека : јас сум горд што се борам против него и неговата влада и дека тоа ќе го правам се додека го потрошам и последниот атом од моето тело, а тебе ти препорачувам да дојдеш со мене на улица и заедно да протестираме, таму сум сигурен дека ќе се разбереме.

Замир Мехмети фејсбук статус