Тито Петковски: Јосип Броз ѝ растури скап проект на Бугарија во Македонија, затоа не го сакаат

0
5047

Лидерот на НСДП и поранешен претседател на Собранието, Тито Петковски, со реакција на Фејсбук искоментира дека на Бугарија ѝ пречи поврзаноста на Македонија со Јосип Броз Тито, затоа што, како што вели, неговото лидерство спречило реализација на проект за кој соседот вложил многу ресурси во Втората светска војна.

„Захариева не го сакала Тито, се разбира Јосип Броз. Хитлер и Мусолини, на самиот почеток на Втората светска војна ја окупираа Македонија и ја поклонија на тогашна царска Бугарија. И само што бугарската власт организира систем на владеење во окупираноте територии, со жандармерија, учители, попови и целосна администрација потребна за денационализација на населението, проектот им пропадна. Дојдоа партизаните на чело со Тито и ги избркаа Бугарите и Германците од Македонија. И после се чудите зошто Захариева не го сака Тито“, напиша Петковски на Фејсбук.