Тито имал Мерцедес 600 но Грујо наш си има блиндирано мерџо од цирка 600.000 евриња : Лимузината на Тито оди на продажба

0
1964

Јосип Броз Тито бил љубител на автомобилите, па за превоз користел различни ексклузивни модели од популарните брендови. Меѓу највпечатливите модели е Mercedes 600 во кабриолет односно ландаулет изведба.img-318734

Автомобилот што сега е на продажба, влегува во многу ретката група од само шест вакви ландаулет автомобили со шест врати.img-318735

Произведен е во 1971 година, а во периодот по смртта на Тито, е користен на Бриони за потребите на превоз на важните гости од аеродромот до резиденцијата. Тие потоа тајно го продале на меѓународен купувач, а од тогаш автомобилот со сериски број 001854 сменил неколку сопственици односно колекционери.img-318736

За новата продажба е задолжена аукциската куќа Tom Hartley Jnr, а според информациите, почетната цена ќе биде околу 3 милиони евра.

Овој Mercedes 600 е опремен со 6,3 литарски бензински мотор, има автоматски менувач и досега поминал 27.378 километри.

Извор : Кајгана