Тито Беличанец: Саше Политико си обезбеди скромно место во борбата за слободно македонско новинарство

0
1334

Саше во континуитет укажуваше дека со безобразна власт можеш да се пресметаш со употреба на нејзиниот безобразен начин на општење со јавноста и во меѓусебната партиска пресметка.

tito

Отаму и неговиот вулгарен речник кој е само реплика на речникот на владините и провладините медии, поточно мегафони.
Секогаш вокобалурот не му беше соодветен и во два три случаи направи и политички гафови.
Но остана доследен опозиционер наспрема корумпираната власт и владините и провладини мегафони. Покажа храброст да им ги постави вистинските прашања на актуелните политичари на власта.
Се разбира одговори не доби, но дел од новинарската фотељашка фела го осуди за наводно силеџиство и однесување спротивно на новинарската етика!
Сепак Саше е Саше и си обезбеди можеби скромно место во борбата за слободно македонско новинарство.
Тито Беличанец – професор на правен факултет