ТИПОВИ НА ЛЕВИЧАРИ ВО МАКЕДОНИЈА ПОСТ 1991 ГОДИНА : ГРАНТ ЛЕВИЧАРИ, ТЕНДЕР ЛЕВИЧАРИ, ИНДИВИДУАЛИСТИЧКИ ЛЕВИЧАРИ, ЈУГО ЛЕВИЧАРИ, ЛЕВИЧАРИ ОЛИГАРСИ, НАЦИОНАЛИСТИЧКИ ЛЕВИЧАРИ, ГРУЕВИСТИЧКИ ЛЕВИЧАРИ

0
805

ТИПОВИ НА ЛЕВИЧАРИ ВО МАКЕДОНИЈА ПОСТ 1991 ГОДИНА
(преземено од Никола Стојчевски).

Грант левичари – популарно меѓу народот познати како Соросоиди. Луѓе со хронично слободно време и 0 (нула) работен стаж. Јадат леб од USAID или Фондација за Отворено општество. Не дека им е потребен, со оглед дека се деца и внуци на југословенската црвена буржоазија или на вредни удбашки тастери. Копи пејст на американските демократи а.к.а либерали. Се занимаваат со Вајт Привилиџ и други небитни прашања за македонското општество. Често се петтоколонаши на американскиот империјализам, затоа и често преоѓаат во партијата на “Левичари, иронично”

Тендер левичари – социјалистите на Ѕинго (R.I.P). За разлика од грант-левичарите чии пари доаѓаат од надвор, нивните пари доаѓаат од државниот буџет. Членовите на СПМ немаат С од социјализам. Можат да се ребрендираат како Партија за Еманципација на Јапонците во Македонија и резултатот би бил ист. Претседателот на Лајонес бил истакнат член и функционер на СПМ што дава еден посебен шмек.

LАRP левичари – троцкисти и интернационалисти. Беа во иста партија заедно со Национал социјалистите ама ја “ебаја калимерата”. Марксистички пуританци и чувари на ортодоксната левичарска идеологија и мисла. Освен чествувањето на комунистички празници со комунистичка регалија ( црвени и југословенски знамиња, петокраки, титовки, виетнамки кошуљи) кои веќе се четврта декада историја нивниот политички капитал е ~0 ( приближна нула ). Во судир со останатите левичари посебно Национал социјалистите и грант левичарите.

Индивидуалистички левичари – левичари ради пичиња или заради вина што земаат над 2000 евра плата. Интелектуалци со академска позадина, способни работници, а дел од нив и успешни бизнисмени и капиталисти. Космополити, сестрани луѓе и гејмери. На социјалните мрежи комуницираат меѓу себе најчесто на англиски. Заедно со LARP левичарите најдобро потковани со теорија и со ист коитален успех кај истиот или спротивниот пол. Разумни и отворени за дебата. Другари со грант левичарите. Неосвестени либертарјанци.

Југо левичари – или југобумери. Луѓе што ја поминале младоста во СФРЈ. Емотивни носталгичари и неизмерни поштењаци. Луѓе чиј живот кулминирал за време на воениот рок. Верглаат исти анегдоти од работничката акција на која биле или од одморот во Претор. Уште ја чуваат членската книшка од Титови леви сили до тековната со чекови. Спиеле еднаш на клупа во Ровињ на враќање од Трст по фармерки каде прв и последен пат го искористиле познатиот црвен пасош. Религиозно го бранат ликот и делото на Тито, некои чуваат и негов врамен портрет. Зборуваат лош српски. Најчесто се стечајни работници (органски левичари).

Левичари, иронично – наследници на елитите КПЈ и КПМ до 1991, ги застапуваат олигархиските интереси, ја направија транзицијата, се занимаваат со квинслинштво и полтронство ако понудената сума е соодветна. Уживатели на виски и запленет кокаин. Родители на грант левичарите.Ќерки и синови на партизаните кои се вклучиле во НОБ после декември 1944.

Националистички левичари – национал-социјалисти, назбол генг, тенкаши. Еклатантен пример за horse shoe theory. Историјата со нив се повторува како трагедија и фарса комбинирано. Левичари кои заслужуваат посебен пост или докторска дисертација по социологија или психијатрија. Бивши им се ларперите. На сите ќе ни ги сменат бравите и ќе не стрелаат. Во просек сите имаат познавање на мандарински Б2 ниво. Најефективна и најбрзорастечка десничарска политичка партија. Омилени цртани ликови им се Маша и Медо и Вини Пу.

Груевистички левичари – ги гласаат/ле ДПМНЕ заради субвенциите и другите big government левичарски политики. На ангро преминуваат во партијата на Национал социјалистите. Пишуваат строго на латиница. Главни сеирџии кога се случуваат несреќи во соседните држави.

Професори по марксизам – сега предаваат историја, во пензија се или продаваат евтина кинеска електроника на тезга на Зелено пазарче.
Комунистичка Партија на Македонија. (1992 – 2007) – партија чии членови заборавиле дека членувале во неа. На граница со чиста фикција и митологија. Според Википедија престанала да постои оти заборавиле да се пререгистрираат. Еднаш чекав да почни филм на МТВ па фатив дебата од нивни членови со рандом вмровец, па така се сетив на нив.