Thursday, May 8, 2025
13.8 C
Skopje

ТИМЧО МУЦУНСКИ НА СОСТАНОК СО МИНИСТРИТЕ ОД ЕУ: СЕГА Е ВРЕМЕ ЗА ДЕЛА, НЕ САМО ЗА ЗБОРОВИ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на неговиот полски колега, министерот за надворешни работи Радослав Сикорски, учествуваше на неформалниот работен ручек на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ (формат GYMNICH), кој се одржа во Варшава, Полска.

Состанокот, организиран во рамки на претседавањето на Република Полска со Советот на Европската унија, претставува обновување на форматот на неформални средби помеѓу ЕУ и земјите-кандидати, по подолга пауза во неговото редовно одржување.

Темата на состанокот беа актуелните предизвици во европската надворешна и безбедносна политика, со посебен акцент на прашањата поврзани со градењето отпорност кон хибридните закани. Дискусиите беа фокусирани на практични чекори за подобра координација меѓу ЕУ и земјите-кандидати во однос на хибридните закани и влијанието од трети страни.

Во својата изјава пред почетокот на состанокот, министерот Муцунски изрази задоволство од одржувањето на средбата и упати благодарност до министерот Сикорски за вклучувањето на земјите-кандидати во овој процес.

„Во време на геополитичка несигурност, важно е земјите-кандидати да соработуваат со членките во создавањето стратегии за справување со заедничките предизвици. Клучно е што ја претставувам и земја-кандидат и земја која е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ. Затоа, одлуките и предизвиците со кои се соочуваме се заеднички. Драго ми е што денес соработуваме со колегите од ЕУ, и се надевам дека ваквата практика ќе продолжи и во иднина“, истакна министерот Муцунски.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој додаде дека земјите-членки очекуваат од Европската Унија да го надмине јазот меѓу очекувањата и практичната испорака.

„Претставувајќи ја мојата земја, уверувам дека сме посветени на реформите, на усогласувањето со правото на ЕУ и на спроведувањето на реформската агенда, како дел од Планот за раст. Но, очекуваме Брисел и земјите-членки да ја исполнат обврската кон Западен Балкан дадена пред многу години. Тоа значи вистинско проширување, но и крај на билатерализацијата на пристапните процеси за земјите од регионот. Слушаме сѐ повеќе за јасна перспектива, но сега е време не само за зборови, туку и за дела“, додаде Муцунски.

Во рамки на еднодневната работна посета на Полска, министерот Муцунски го посети Меморијалниот музеј „Треблинка“, посветен на сеќавањето на жртвите на нацистичкиот логор на смртта. Тој оддаде почит, остави порака во книгата на жалост и се поклони пред споменикот посветен на македонските Евреи кои ги загубиле животите.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЧЕСТИТКА ДО НОВИОТ ПАПА РОБЕРТ ПРЕВОСТ ЛЕО XVI

Фото : Фејсубук профил на претседателката Гордана Сиљановска Давкова Претседателката...

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ СО ЧЕСТИТА ДО НОВИОТ ПАПА РОБЕРТ ПРЕВОСТ ЛЕО XVI

Честитка по повод изборот на новиот Папа – Неговата...

НЕОФИЦИЈАЛНО ВО ПУКАЊЕТО ВО ШТИП РАНЕТ Е ТУРСКИ СТУДЕНТ

Вечерва нешто по 21:30 часот на градскиот плоштад во...

МУЦУНСКИ: ОЧЕКУВАМЕ БРИСЕЛ ДА ГО ИСПОЛНИ ОНА ШТО ГО ВЕТИ КОН ЗАПАДНИОТ БАЛКАН

Во рамките на Европската Унија гледаме обновен дух фокусиран...

ТОМОВСКИ: СОЗР СО НЕКОЛКУ НОВИ ПРОЕКТИ ВО ИНТЕРЕС НА ДРЖАВАТА И ГРАЃАНИТЕ

Ивица Томовски, директорот на СОЗР на Владата и член...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ