Тензично во ИО на ВМРО-НП: Ветрот дува кон ДПМНЕ, дефинитивна одлука викендов

0
1243

По двочасовна тензична седница на Извршниот одбор синоќа, ВМРО-НП не донесе одлука со кого партијата ќе коалицира и ќе поддржи на предвремените парламентарни избори на 11 декември годинава.

Како што дознава „Мета“, членовите одлучиле да му дадат уште неколку дена на претседателот на партијата, Љубчо Георгиевски, за да може до викендов да донесе дефинитивно решение.

Сепак според информациите работите се движат во насока да се прифати последната понуда која опозициската десничарска партија ја добила од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Како што објави „Мета“ пред самиот почеток на вечерашната седницата на Извршниот одбор на ВМРО-НП, владејачката ВМРО-ДПМНЕ и доставила нов предлог-пакет за формирање коалиција и за заеднички настап на изборите.

Во предлогот, како што дознава „Мета“, понудени се министерски, директорски и раководни позиции за кадри на ВМРО-НП, доколку им се приклучи и доколку сегашната владејачка партија повторно ја освои власта.