ТВРДОКОРНИТЕ ЌЕ КРЕВАЛЕ ВОСТАНИЕ, НЕМАЛО ДА ПЛАЌААТ ДАНОЦИ И ДАВАЧКИ, НЕ ЈА ПРИЗНАВАЛЕ НОВАТА ВЛАСТ, НЕ ИМ БИЛА ПО МЕРАК!

0
2395

Сите неадминистративни национални одлуки што се или ќе бидат донесени од страна на окупациската Намесничка Управа и Гласачката Машина која е во служба на Намесничката Управа се НЕВАЖЕЧКИ И НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ КОИ СМЕ СЛОБОДНИ ОД НАМЕТНУВАНИТЕ ПРИТИСОЦИ И ОДДОЛЕВАМЕ НА ПРОПАГАНДНИТЕ ЗАВЕДУВАЊА СО СИТЕ СРЕДСТВА ЌЕ ИМ СЕ СПРОТИВСТАВУВАМЕ И ВО СВОЕТО ЖИВЕЕЊЕ НЕМА ДА ГИ ПРИМЕНУВАМЕ.

1. Македонија како мала земја е слабо отпорна на надворешни влијанија. Така преку одредени луѓе македонскиот правен и политички систем уште од својот зачеток е обликуван на начин кој не ја изразува меродавната волја на граѓаните. Најпрво во македонскиот политички систем никогаш не постоела рамнотежа на трите вршители на власт. И Собранието и судската власт се подредени на извршната власт. Тие се само послушни извршители на волјата на „Владата“.

2. Во рамките на партиите не постои демократски систем на слободен избор на подрачните и централните вршители на функции така што партиите во ниеден случај не ја изразуваат волјата на членството.

3. Кога ќе се спојат горните два чинители. Централизацијата на моќта во партии и превласта на Владата во однос на другите вршители на власт доведуваат до ситуација законите да бидат нагодувани според желбите на само грст луѓе од врвот на партијата, а не според потребите и желбите на 2 милиони граѓани. Граѓаните се исклучени од можноста за политичко влијание во уредувањето на заедничкиот општествен живот.

4. Колку системот е поцентрализиран како во партијата така и на државно ниво, за една мала земја како Македонија, толку тој е полесен плен за подредување на надворешни влијанија. Така што партиските врвови како на опозицијата така и на власта се под влијание и работат за невалидни надворешни интереси, а не за валидните интереси на граѓаните. Државниот административен систем во Македонија со текот на времето станува само се поподреден и се попослушен апарат спроведувач на волјата на странските центри на моќ. Надворешното наметнато управување со внатрешниот политички систем само по себе е окупација.

5. Преку недемократските партии и преку подреденото Собрание на Владата (односно партијата која ја води Владата) направени се недемократски измени во разни делови од политичкиот систем за обезбедување на недемократското владеење. Меѓу нив и Изборниот Систем кој е нагоден за потребите на партиите раководени од центрите на моќ.

6. Бидејќи граѓаните се принудени да избираат само меѓу партии кои се внатрешно недемократски и под странско влијание и бидејќи истите ги потиснуваат сите видови на политички и демократски форми за влијание од граѓаните СИТЕ ИЗБОРНИ ЦИКЛУСИ собраниски или општински извршени преку нагодувани изборни правила СЕ НЕВАЛИДНИ. Изборите се само привид (фарса) за памфлетна валидазација пред сѐ на волјата на странските центри на моќ, а потоа и на нивните олигархиски испостави внатре во Македонија.

7. Преку политичката моќ извршено е пресудно влијание над македонскиот медимски простор кое дополнително отвора нов циклус на недемократско воведување во заблуда за покорност на граѓаните спротивно на јасно видивлите факти за неуспех на демократијата, како и потфрлањето на целиот општествен систем во скоро секој сектор.

Од ова следат јасни заклучоци:

  • Изборите не ја изразуваат волјата на граѓаните.
  • Македонскиот народ е веќе во продлабочен облик на окупација.

1. Сегашното Собрание е избрано без почитување на формата и процедурата која гарантира верно потврдување на односот на силите на и онака изместен изборен систем. Политичките одлуки на признавање на Собранието независно од кои центри на моќ доаѓаат, таквиот збир на луѓе не го прават правно валиден и нивните гласања не ги прават правно важечки. Од таму СИТЕ ОДЛУКИ НА СЕГАШНОТО НЕВАЛИДНО т.н. СОБРАНИЕ СЕ НЕВАЖЕЧКИ.

2. Сегашната „Влада“ избрана од неверодостојно и невалидно  „Собрание“ бидејќи е поставена од надвор за исполнување на нечии геополитички потреби не е законски-легитимна Влада туку е окупациска Намесничка Управа. Сите нејзини одлуки од национална природа се неважечки.

3. Злосторствата извршени со прекршување на меѓународните правила за човекови права и воените злосторства не застаруваат. Раководството на партијата ДУИ е составено од ноторни воени злосторници. Секој кој со нив соработува соработува со воени злосторници и самиот соучествува во предавство на македонската нација кој беше од нив нападната. Одлуките на секоја институција каде воените злосторници влијаат во донесувањето на одлуките се необврзувачки.

4. Лицето Талат Џафери треба да лежи во затвор поради неколку основи како воен злосторник и не може ни да биде слободен ниту деловно способен, а не да биде политичар уште пак каква лудост Претседател на Собрание. „Собрание“ водено од воен злосторник составено со цел да се изврши ПРИСИЛБА и КРШЕЊЕ НА ВОЛЈАТА на македонската нација никако не може да биде легитимно и законски валидно.

Од ова следи јасен заклучок:

  • И погрешно составеното „Собрание“ составено со „пратеници“ избрани на неверодостојни избори и како такво не можи да ги следи сопствените прилагодени законски одредби со што продолжува ерозијата на правниот систем.

Државите се национални творби. Македонците имаат оформено своја нација, а секоја нација има право на своја држава. Според меѓународното право секоја држава има право на сувереност, а нацијата основач право да биде носител на суверенитетот. Затоа сите барања кои го нарушуваат македонскиот национален суверенитет во државата која ги исполнува македонските државотворни стремежи се ПРОТИВПРАВНИ И НЕВАЛИДНИ.

Затоа никој да не ги лаже граѓаните дека има валидност со местени избори да носи антимакедонски закони и никој да не се себезалажува дека ќе биде оправдан пред гневот на граѓаните. Посебно од гневот на македонскиот народ за ШТЕТИТЕ кои намерно ги правел или сакал да ги направи врз народот. А ги спроведувал за странски интерес и за лична корист.

За крај ние МПЗ Тврдокорни изјавуваме дека на легитимен начин ќе се потрудиме, казната за сторителите на овие национални злосторства и предавства што побрзо да ги стигне, за правниот систем да му се врати на неговите легитимни законски носители.

Ваши тврдокорни,

Македонија на Македонците!

Блог: tvrdokorni.mk

ФБ: facebook.com/tvrdokorni/