Твоја партија на Александар Тортевски на состанок со Здружение на стопанственици од индустриска зона Визбегово

0
797

На 2-ри Јули 2020год. неколку членови на Твоја партија ја посетија индустриската зона Визбегово и имаа дво-часовна плодна средба со стопанствениците од зоната Визбегово. Се дискутираше за бизнис климата, даночната политика и придобивките од неа, за тоа колку државата и помага на бизнис заедницата како и за проблемите на заедницата со државната администрација, обемната и спора бирократија и локалните власти. Беше истакнато дека заради неисполнетите ветувања на предходните власти и заради игнорантскиот однос кон зоната, многу од бизнисите веќе си заминале.

Твоја партија ги запозна стопанствениците со  ставовите на партијата на ова поле, потенцирајки дека Твоја партија  се залага за еднакви услови за сите бизниси, и домашни и странски, стимулирање на домашните компании, домашните поризводствени капацитети и извоз. Твоја партија го презентираше својот концепт за поддршка и стимулирање на бизнисите. Истотака, беа дискутирани повеќе успешни модели од други држави.

Посебено место во разговорот завзема и екологијата, за која учесниците се согласија дека е од огромно значење како и за начините на кои бизнис заедницата може да помогне на ова поле.