Тајниот договор на Ерол Ризаов и Никола Груевски!

0
5305

Промоцијата на четирите книги со колумни на Ерол Ризаов, одржана во хотелот Александар Палас, пред повеќе од 400 почитувачи на неговиот збор, предизвика големо внимание.

Gorgi_spasov_02
Би можело да се каже дека Ерол и со промоцијата на своите книги, предизвика поместување на политичката сцена во Македонија. Можеа таму да се видат академици, писатели, новинари но и голем број на угледни бизнисмени. Во денешно време, тешко е да се поверува дека толку луѓе се охрабриле да дојдат на промицијата на книги во кои се објавени колумните на веројатно најостриот критичар на власта на Никола Груевски.

Ете тоа му засметало на новинарот Бранко Тричковски и јавно го изразил своето негодување од фактот што во улога на промотор на овие критички колумни кон власта се појавил политички недефинираниот писател Венко Андоновски, луѓе во лепезата од Владо Камбовски до Раде Силјан и бизнисмени од калибарот на Свето Јаневски и Страшо Милковски.

Но, Тричковски кој заедно со Ризаов е еден од основачите на Утрински весник, веројатно не ја слушнал анегдотата од Ерол Ризаов, за тоа зошто нему му е дозволено толку силно да ја критикува власта, без остро да биде санкциониран и забранет.

Според таа анегдота еден од олигарсите многу близок со секоја власт, па и со власта на Груевски, по секоја објавена колумна му се јавувал на Ерол и му честитал за храбрата критика кон Груевски. Еден ден го прашал. Добро Ероле, како тебе ти успева секој ден жестоко да го критикуваш Груевски а се уште не си ниту забранет, ниту лустриран, ниту тепан, ниту џипот ти го немаат запалено.

Ерол го погледнал и му рекол. А бе види. Имам јас договор со Груевски.

Е, каков е тој договор? Заинтерсирано прашал олигархот.
Со Груевски се имам договорено -рекол шеретски Ерол, да пишувам што сакам и да го критикувам слободно најжестоко што можам, само под еден услов. По објавувањето на колумната да му се јавам и да му кажам кој од олигарсите прв ми честитал.
А промоцијата беше време за честитање.

Затоа Тричковски не треба да се возбудува. Таа беше „веројатно„ дел од договорот на Ерол со Груевски и Груевски треба само да го види списокот на присутните за да го свати големото политичко престројување. Ерол е без сомнение совеста на едно време во невреме. И затоа има толку многу почитувачи. Ерол со своите колумни е еден вид светилник кој ни го покажува копното на кое може да бидеме спасени од опасната бура што не има зафатено. И знам дека во време кога владата троши милијaрди за секакви глупости тој лично се задолжи за да видат светлост неговите критички колумни во вид на книга. Затоа толку луѓе поитаа да му честитаат. И дај боже да се секој ден се повеќе.

проф. д-р Ѓорѓи Спасов, фб статус