ТАРАВАРИ : ТВРДЕЊАТА НА ОПОЗИЦИЈАТА ЗА БИНАЦИОИНАЛИЗАЦИЈА СЕ ПРИКАЗНИ ЗА МАЛИ ДЕЦА

0
457

Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21, лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари рече дека со менувањето на изразот „20%“ со „албански јазик“ во Уставот, „Македонците би покажале респект кон сограѓаните“.Тој вели дека тврдењата на опозицијата дека тоа ќе донесе на бинационализација на земјата, се „приказни за мали деца“.

„Употребата на јазикот е решена работа. Тука работата е дали ќе покажете дека имате респект кон сограѓанинот. Да не се нарекува јазикот кој го зборуваат 20%. Ако гледате параноично некој ќе направи конструкции како сака. Тоа се приказни за мали деца дека ќе има конфедерација или бинационализација“, рече Таравари.