Американската екипа сигурно нема да биде дел од егзекуцијата, но ќе катализира.
Тој смета дека тоа е повеќе од потребна промена на парадигмата, која се чека долги години.-Но, ова не е доволно. Ние сме мала земја и се познаваме еден со друг. Секој од нас знае кои беа и каков стандард на живеење имаа политичарите пред да дојдат на власт. Значи, корумпираните се познати со име и презиме. За да се искорени корупцијата потребно е еднаш засекогаш да се запре и отповика партизираноста и систематското заробување на судството од политиката. Граѓаните сега разбираат дека правосудниот систем е целосно во служба на власта и против интересите на државата и граѓаните. Затоа, само осум проценти од нив веруваат во правдата на државата. Со право, бидејќи сите веќе со години видоа како правдата стана селективна, а неправдата владее, како што се докажа и деновиве со последователните откажувања на рочиштата за трагедијата во болница во Тетово или намалувањето на казните на Мијалков, рече Таравари.