ТАРАВАРИ : ИМА СИГНАЛИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ДЕКА МОЖЕ ДА СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ

0
718

Немањето доволен број гласови во Собрание за уставните измени е сериозен проблем, меѓутоа има некои сигнали од ВМРО-ДПМНЕ дека оваа партија остава простор да може да се изнајде некакво решение. Ова го изјави Арбен Таравари, в.д. претседател на АА во интервју за АБЦ Њуз. Според него во моментов 74 пратеници би гласале за уставните измени.

-Проблем се бројките, 64 плус 10 се 74. Недостигаат уште 6 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Сериозен проблем е, иако различни фактори кои имаат импакт во македонското општество велат дека ќе се обезбедат. Има сигнали од ВМРО, од каде велат дека доколку ова е последниот услов на ЕУ и нема други условувања за Македонија, ние сме подготвени да дадеме поддршка. Прв пат, последниве 2-3 недели Мицкоски ова го истакна како можна варијанта и остави простор да се размисли дека може да се најде некакво решение, изјави Таравари.