ТАРАВАРИ ЗА ИНЦИДЕНТОТ СО СПОРТИСТОТ ДАМЈАНОВСКИ: Јас зборам течно Албански, Македонски и Турски и често комуницирам на тие јазици и се гордеам со тоа, немам јас никакви предрасуди ниту сум националист

0
904

Олимпиецот од Гостивар, Дамјановски направи инцидент на доделувањето на спортските награди во општина Гостивар, револтиран затоа што се зборело само на Албански.

– Имаше превод со слушалки, тој може не знаел, јас немам никакви предрасуди, зборам течно три јазици и често ги користам во нашата општина во комуникација со Албанците, Македонците и Турците, ако имавме предрасуди немаше да поканиме македонци спортиски, едноставно тоа беше политикантски чин на спортистот кој го осиудувам. Јас често и на седниците на советот зборам Македонски само за сите добро да ме разберат, не сум јас националист. – вака Таравари го искоментира настанот.