ТАНЕСКИ : ЗОШТО НЕ СЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ ЗА БЛОКИРАНИТЕ СМЕТКИ НА ПЛИВАЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

0
662

Веста дека заради блокираната сметка на „Пливачката федерација на Македонија“ годинава нема да се одржи „Охридскиот Маратон“ предизвика оправдано разочарување кај сите и бура реакции по социјалните мрежи со кои јавноста наместо да бара одговорност од одговорните во федерацијата, бара одговорност од Претседателот.

Заради агресивниот напад со јавно објавувани изјави и ставови на социјалните мрежи од официјални лица, и начинот на кој тие изјави се пренесени од дел од медиумите, јавноста добива погрешен впечаток дека маратонот нема да се организира затоа што Претседателот не го финансира, а не затоа што тие кои ја водат федерацијата ја довеле до точка да има блокирана сметка и да нема можност и начин да се уплати износот за организирање на маратонот.

Јавноста вчера повторно беше преплавена со анализи на разни „експерти“ за се и сешто, кои преку социјалните мрежи тенденциозно и со намера одговорноста ја префрлаат кај Претседателот Стево Пендароски и притоа немаат ни еден збор анализа за тоа што правела „Пливачката федерација“, зошто има блокирана сметка, колку време е сметката блокирана и зошто до последен момент молчела во јавноста за тоа дека сметката и е блокирана.

Доколку сме одговорни граѓани коректно би било да не се делиме политички пред ова прашање, туку да го лоцираме проблемот гледајќи го реално, барајќи одговорност ( па макар и морална ) од одговорните и покажувајќи разум, бидејќи само така можеме да најдеме решение.

➡️ Се надевам и повикувам на сите кои се директно одговорни, сите кои сме на некој начин инволвирани да реагираме реално во јавноста и да продолжиме со напорите да се изнајде решение маратонот да се одржи и оваа година❗️

Фејсбук статус на пратеникот на СДСМ Лазе Таневски.