ТАЛЕСКИ : ВМРО-ДПМНЕ НЕМАААТ ХРАБРОСТ И СИЛА ДА СЕ СООЧАТ СО СТРАТЕШКИТЕ ЦЕЛИ НА ДРЖАВАТА

0
406

Пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека за прв пат во извештај на Европската комисија се бара од опозицијата да биде конструктивна, да прекине дестуктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Работата на Собранието е блокирана веќе две години. ВМРО-ДПМНЕ не влегуваше во Собранието кога се носеа антикризни мерки во ковид кризата, се наоѓаше начин да се блоикираат мерките во интерес на граѓаните и да им се помогне и на граѓаните и на фирмите, коиишто тогаш претрпеа сериозни штети, истакна Талески, додавајќи ВМРО-ДПМНЕ продолжи да прави блокади кога заврши здравствената криза и започна големата економска и енергетска криза, којашто ја зафати цела Европа.

Талески посочи дека ВМРО-ДПМНЕ правеше драматургии во собранието, околу наводна бугаризација и асимилација на населението, а на 26-ти октомври на македонски јазик се потпиша Договорот со ФРОНТЕКС, ги лажеа граѓаните дека со францускиот предлог ќе има промена на име.

Не можете да бидете поголем патриоти од нас затоа што вас ве интересира само како да се вратите на власт и теснопартискиот интерес, порача Талески, додавајќи дека во текот на оваа година излезе на површина како ВМРО-ДПМНЕ практицира власт во општините, излезе на површина криминалот и корупцијата и тоталната неспособност на нивните градоначалници, а најеклатантен пример е Скопје.

Пратеникот Талески, во врска со уставните измени, нагласи дека од ВМРО-ДПМНЕ немаат храброст и сила да се соочат со стратешките цели и бараат начин како да го вулгаризираат целиот процес, откако им падна во вода сите лаги и после 17 година Македонија ги почна преговорите со ЕУ со заштитен македонски идентитет.

Сите пратеници мора да се издигнеме и да најдеме начин како да продолжи втората стратешка цел а тоа е членството во ЕУ. Сите политички партии треба да најдеме национелен консензус за да се промени овој дел од уставот, којшто е единствен услов за да продолжат преговорите, порача пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.