СЈО: Да ја видиме одлуката на Иванов, па ќе се изјасниме

0
1228

Специјалното јавно обвинителство чека да ја добие интегрално одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција и за амнестија на политичарите против кои се водат правосудни постапки, по што ќе излезат со официјален став, велат за „Мета“ од СЈО.

Како што ни рече портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристовска, за да не бидат извадени од контекст, во овој момент не би сакале да изнесуваат никакви коментари во јавноста, сè додека не ја добијат интегрално одлуката на претседателот Иванов.

– Кога ќе ја добиеме, ќе излеземе со став во јавноста – вели Ристовска.