СЈО ГИ ТРЕСЕ ФАМИЛИЈАТА И ВМРО-ДПМНЕ : Грујо и Бате Саше прислушувале и во 2016 година!

0
1420

Незаконското следење на комуникацијата продолжила и по објавувањето на аферата со прислушувањето од страна на лидерот на опозицијата Зоран Заев, но и во текот на 2016 година, велат од СЈО.

Во периодот од 2008 до 2015 година, УБК користела три различни системи за прислушување. Два од нив, во меѓувреме, се уништени, и за таквата незаконска постапка на УБК се води и посебен предмет под име „Тврдина“.