Со недонесувањето на измените на Законот за заштита на сведоци, се отежнува работата на Специјалното јавно обвинителство, велат од СЈО, по денешната седница во Собранието на која владејачкото мнозинство не ги поддржа измените на Законот за СЈО (за продолжување на рокот за истраги) и на Законот за заштита на сведоци.
– Недонесувањето на Законот за заштита на сведоци ќе ја отежне нашата работа. Без тој закон остануваме немоќни да работиме по одредени предмети – велат од СЈО.
На денешната пленарна седница во Собранието, донесувањето на измените на Законот за СЈО, по скратена постапка, го поддржаа 36 пратеници, додека против гласаа 54. За измените на Законот за заштита на сведоци гласаа 42 народни избраници, а 52 беа против. Со ова Собранието не ги усвои предлозите за изменување на овие два закони.
На новинарско прашање дали кај владејачката партија постои страв дека нивни членови ќе бидат гонети од СЈО и затоа не го поддржуваат законот, Димовски одговори дека не им е страв и дека никој не е над Уставот и над Собранието.
– Тој што мисли дека е над нив, ќе ја добие лекцијата што беше испорачана денеска – изјави Димовски.
Извор: Мета