Суровоста на провинциските култури

0
1057

Бегалската криза во Сирија, на чуден начин, укажа на нашата провинциска култура полна со суровост, немање емпатија…и инититуционална неспособност.

leni-frckoska1

Да не должам, ситуацијата е следната:

Потполн институцонален молк,  да не беа информациите за загинатите мигранти на пругите кај Велес, прилозите во рамки на Код и емисијата 360 на Алсат –М, текстот објавен на Призма,  последните два прилога на Би-би-си и британската Channel 4…ќе останевме слепи и глуви за тоа што секојдневно се случува во нашата демoкратска држава.

Имено, дека низ неа како река течат мигранти од боиштата на блискиот Исток кои во наше присуство, а ментално и правно отсуство, стануваат плен на организираниот криминал и хорор сценарија за кои дознаваме од светските медиуми.

На 23-ти април годинава воз прегази 14 мигранти од Авганистан и Сомалија на пругите кај Велес. Настанот привлече големо внимание и на тој начин вниманието на јавноста директно се насочи трагедијата на мигрантите кои секојдневно минуваат низ Македонија (претходно имаше неколку случаи со кривични пријави за криумчарење, и апели наужасни услови во прифатниот центар и сл) .

Споро и мрзеливо констатиравме дека нешто се случува, се уште без било каква  институционална реакција.

Кратко потоа на телма на 25-ти Април документиран беше еден од најтрауматичните (до тогаш) случаи во кој мигранти се жалеа дека во период на престој и транзиција низ нашата земја, киднапирани им биле деца и жени од организирани криминални групи, најверојатно за цел на трговија со луѓе и органи.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=wWo82zzGHv0[/youtube]

Целата колумна на Лени Фрчкоска може да ја прочитате на порталот Либертас ОВДЕ