СУЕТНАТА БУДАЛА ГЕРО ПРОДОЛЖУВА СО РЕКЕТИРАЊЕТО НА ВЛАДАТА: ЉУТ ШТО МИНИСТРИТЕ НЕ ГО БАРАЛЕ НА СРЕДБИ, БАРА ЗАЕВ ДА ГИ ИЗБРКАЛ НА КЛОЦИ ПР СОВЕТНИЦИТЕ, МНОГУ ГИ ИМАЛО?!

0
1557

Во најновата колумна, Геро продолжува да ја рекетира владата.

Јавно кажува дека не бил доволно викан на средби, и како одмазда со дрва и камења кон владата, бара Заев да избркал на клоци пола од ПР советниците, под образложение дека многу ги имало.

Повеќе од јасно е дека под изговорот Заев за ова не е крив, криви се тие околу него, се избегнува директен дуел со Заев но се масакрира Роберт Поповски со цел изнуда на негова смена или пак да го скрши и присили на некаква соработка за која не сме свесни за што се работи детално.

Во владата има 30 министерства, уште толку агенции, во денешно време на отворена демократија со стотици медиуми во период кога следуваат големи предизвици за земјата како решавање на име, договор со Бугарија, двојазичност и слично, ПР-т е многу важен и не треба да се жали на средства за тоа.

Да повториме, ПР не е пропаганда, ПР не е цензура и режим, немањето на слобода на медиумите е диктатур!

Уредувањето на вестите на телевизиите е диктатура!

Плаќањето 30 милиона евра за владини кампањи е диктатура!

Плаќањето стотици експерти и јавни фаци на разни начини за да ја бранат владата е исто така диктатура!

Но вработување на масивна ПР служба во рамките на владата за да им ги објаснуваат на граѓаните и на медиумите владините проекти не е диктатура!

Медиумите и јавноста слободно нека ја масакрираат влада, а владата нека проба да се брани без притоа да ја банкротита земјата!

Тие 120 ПР советници со плата од 500е месечно, месечно вкупно земаат 60 000е а годишно ја чинат државата околу 1 милион евра со се додатоци за разни придонеси.

Режимот 1 милион даваше само за документарци, тоа е пичкин дим споредено со претходно што трошеше ВМРО ДПМНЕ за перење на мозок.

Овие 1 милион се даваат на вработени во влада кои имаат работа да контактираат со јавноста и да даваат навремени точни информации и да ги објаснуваат мерките на владата.

Вакви ПР служби има секаде во сите земји и со нив не е нарушена ниту демократијата нити слободата на медиуми нити владеење на право нити ништо.

Не смееме да дозволиме владата да цркне по само 2 години затоа што ќе биде расчеречена од јавноста затоа што не знаела да си ги брани своите политики.

Тоа е аматерски и несериозно. Нивно е да работат силно и храбро и чесно и да ги бранат своите политики, наше е да следиме будно и ако згрешат да ги тепаме безмилосно со критицизам, па ќе видиме што на крај ќе испадне од сето тоа!

Извор : Мактел.Мк