СУДОТ ОДЛУЧИ ДА МУ БИДЕ ВРАТЕНА ВИЗАТА НА ЃОКОВИЌ И ДА МУ СЕ ПЛАТАТ И ТРОШОЦИ ЗА ПРЕСТОЈОТ, ВЛАДАТА СЕ ЗАКАНУВА ДЕКА ПАК ЌЕ ЈА ПОНИШТИ

0
842

Тенисерот Новак Ѓоковиќ ќе остана во Австралија. Ова е одлуката на судиите по процесот што траеше повеќе од 4 часа и беше разгледата неговата жалба за укинувањето на визата за да остане во Австралија.

Покрај ова, судијата Ентони Кели донесе одлука и да му се платат трошоците и да му се вратат пасошот и сите лични документи. Тој рече дека аргументите на австриските власти „не држат вода“ и ја поништи нивната одлука за депортација.

Одлуката на судот ја потврди и адвокатот на Новак, Ник Вуд.

-По денешната одлука на сојузниот суд темелена на процедурални причини, останува дискреционото право на министерот Хоук да го разгледа укинувањето на визата на Ѓоковиќ врз основа на членот 133C од Законот за имиграција. Министерот моментално го разгледува тоа прашање и процесот останува отворен, изјавил портпаролот.

Според толкувањата на медиумите, Ѓоковиќ нема да биде депортиран вечерва и одлуката на министерот којашто може да биде донесена утре или во наредните денови, ќе ја чека на слобода.

Претходно, адвокатите на Ѓоковиќ пред судот докажаа дека Ѓоковиќ добил дозвола за влез од властите врз основа на медицинско ослободување од вакцинација бидејќи на 16-ти декември бил позитивен на коронавирус. Судијата тоа го прифати и одлучи да не се укине визата и Ѓоковиќ да биде ослободен од прифатниот центар за мигранти.

Австралиската влада, од друга страна, вели дека странските државјани немаат право на гарантиран влез во Австралија и го доведуваат во прашање неговото барано изземање. Нагласуваат дека дури и ако Ѓоковиќ победи во судската постапка, тие го задржуваат правото повторно да го приведат и да го отстранат од земјата.

Пред зградата во која се наоѓа адвокатската канцеларија на Ѓоковиќ имаше хаотични сцени, стотици негови обожаватели се собраа и вееја српски знамиња. Во еден момент опколиле и блокирале полициско возило, па полицијата морала да интервенира.