СУДИЈКАТА ЌЕ ПАДНЕШЕ ОД СТОЛ: Игор Југ му се закануваше на Заев во суд дека може да го убие!

0
4808

При денешното вкрстено испрашување на сведокот Зоран Заев за случајот 27 април, на адвокатот на Игор Југ, за кого во обвинението се вели дека имал задача да го убие, Заев му одговори дека вториот ред вооружени, кои на каишите носеле пиштоли и барале чиста мета, најверојатно немале храброст да пукаат, објави порталот СДК.

Југ е еден од еден од 33-та обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за организираниот напад на Собранието.

„Освен што нема коса, тоа лице што го опишувам нема храброст ни да пука”, му рече Заев на Игор Југ кој исто така го испрашуваше, при што се гледаа в очи.

„А дали ќе ми дадете прилика да ви докажам дека имам храброст да го направам тоа за кое велите дека не можам да го направам?“, му рече Југ на Заев.

„Вие се заканувате Игор Југ, и тоа во суд. Ве предупредувам да престанете да се заканувате на сведокот“, го прекина судијката Добрила Кацарска обвинетиот Југ во заканите кон Заев.