БОМБА НА КАТИЦА И СЈО : Судијата одбил да даде налог за претрес, па сега СЈО со полиција го бара началникот Груевски

0
1999

Полицијата по налог на специјалното јавно обвинителство го бара началникот на петтата управа, Горан Груевски, со цел да овозможи негово сослушување, јавува Телма.

Специјалното обвинителство претходно доставило барање до судијата во претходна постапка, Јован Лазаревски, да се даде налог за претрес во домот на Груевски со цел да се обезбедат докази.

Судија го одбил барањето, по што СЈО издало налог Груевски да биде обезбеден за распит.

Законот му овозможува на СЈО да бара од полицијата да обезбеди осомничено лице во период од 24 часа во кој ќе се изврши распитот.

По издавањето на налогот, полицијата се упатила во домот на Груевски но тој не бил таму.
Груевски засега не им е достапен на органите на прогонот и полицијата трага по него.

Горан Груевски е началник на петтата управа при МВР и близок соработник на поранешниот директор на Управата за контраразузнавање Сашо Мијалков. Пред осум месеци Јавното обвинителствo соопшти дека Груевски бил испитан во врска со аферата со прислушувањето. Потоа сите предмети преминаа во надлежност на СЈО.