Сугарески: Да не се прави фама со УНЕСКО, не мора сите дивоградби да се урнат до февруари

0
898

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека се работи според препораките на УНЕСКО за уривање на дивоградбите, оценувајќи дека е манипулација тврдењето оти сите дивоградби треба да бидат урнати до февруари и оти за активностите има јасна динамика и план.

– Препораките на УНЕСКО треба да се спроведат, но не треба да се прави фама дека се што побарале од УНЕСКО оти сите дивоградби треба да бидат урнати до февруари. Тоа е класична манипулација, но факт е дека со јасна динамика и зацртан план Општина Охрид веќе постапува во делот на дивоградбите, изјави Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Охрид, каде учествуваше на 18. Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори.

Според него, градежните инспектори ќе го кажат крајниот збор за дивоградбите во Струга, каде не е почнато уривање. Како што вели, треба да се направи регистар на дивоградби врз основа на кој ќе се постапува.

-Што се однесува на Струга, таму не е отпочнато уривање на дивоградби. Има одредени тврдења дека таму нема дивоградби, меѓутоа има градежни инспектори и на локално и на државно ниво кои тоа треба да го утврдат. Не може со паушални изјави да кажеме колку, туку да се направи регистар на дивоградби и врз основа на него да се постапува, на начин како што тоа се прави во Охрид, рече министерот за транспорт и врски