Студентите на Медицинскиот Факултет – Скопје излегоа денеска на мирен протест пред Министерство за здравство преку кој го изразија незадоволството од Законот за медицински студии и континуирано стручно усовршување, пренесува ТВ21.
Протестот беше огранизиран на социјалните мрежи, а денеска на протестот тие добија поддршка и од професорите.
Како што велат, целта на нивниот протест е измена или укинување на овој закон, особено член 5 и член 6, и ги опфаќа студентите од прва и втора година, а студентите ги сметаат за несоодветни, нејасни и невозможни за остварување.