СТРУМИЧКИ ШАРМ ВО САД : ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ И НЕГОВАТА СОПРУГА ЗОРИЦА НА ПРИЕМ КАЈ МЕЛАНИЈА И ТРАМП ВО ЊУ ЈОРК

0
2292

Премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица денеска беа на прием кај американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама на САД, Меланија Трамп.

„Чест и задоволство ни беше со Зорица да присуствуваме на приемот организиран од претседателот Трамп и првата дама Меланија во Њујорк за време на Генералното Собрание на Обединетите Нации. Претседателот ни упати порака дека го цени и целосно го поддржува Договорот од Преспа. Чест е да се добие ваква поддршка од врвен лидер и креатор на глобални договори“, напиша Заев на неговиот Инстаграм профил.