СТРУМИЧАНКИ СО ВОСХИТ ГИ СЛУШАА СТИХОВИТЕ НА МАРИН БАБИЌ

0
1540

Вечерва Струмица уживаше во стихови, рецитирани од легендарниот актер Марин Бабиќ кој со својата леснотија на рецитирање поезија ги однесе присутните во публиката во едни романтични времиња кои денес ретко може да се доживеат.

Во публиката можеше да се забележат задоволства на лицата на присутните кои останаа без здив до самиот крај на скоро двочасовниот настан, насловен како ,,Бебули 2 – Да водиме љубов, а не војна”.
Меѓу присутните беа и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, како и сопругата на премиерот, Зорица Заева. Покрај Марин Бабиќ и неговиот долгогодишен пријател на клавијатури, Љупчо Шилоски – Шилото, настап преку изведба на познати композиции имаа и младата прилепчанка, Александра Трајческа, како и познатиот гевгеличанец, Игор Узунов. Триото ,,Бебули” составено од Андријана Дукоска на виолончело, Светлана Богданоска Ристоски на флејта и Љупчо Трајаноски на виола се веќе подолго време придружба на Бабиќ во ова негово второ патување низ поемите и песните.

Неговиот внук, водителот Огнен Јанески беше модератор на настанот и изведуваше сплет од руски композиции како и премиерната изведба на ,,Леле да бев богат” од ,,Виолинист на покривот”. Вечерашниот насташ беше дел од три последователни.

Следниот е утревечер во Валандово, а третиот во Гевгелија, сите со почеток во 20 часот.