СТРАШНА БОМБА ОДЕКНА ДЕНЕСКА ВО СУД : Екс рускиот амбасадор Шчербак знаел дека ќе се случат убиствата на Смиљковско Езеро!!!

0
5808

На денешното рочиште за случајот „Монструм“ се читаат транскрипти од нелегално прислушувани разговори во УБК, а поврзани со петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро во 2012 година.

Се читаа и транскрипти од разговор на неодамнешниот руски амбасадор Олег Шчербак и соговорник, кои исто така разговараат за петкратното убиство, пренесе Фокус.

-МВР и Владата не реагираа на време. Информациите стигнуваа преку странските агенции. Никакви докази нема. Четворица од убиените биле планирани, а петиот бил сведок, ми вели соговорникот на рускиот амбасадор, кој додава дека ситуацијата не е ескалирана, но е лоша.

Соговорникот го информира амбасадорот и дека се шири шпекулација дека одмаздата е за Тетово, каде Македонец убил двајца Албанци.

Потоа и двајцата заклучуваат дека околу Нова Година имале информација дека работите ќе се раздвижат на пролет.