СТОЈМЕНОВ : ЉУБЧО И ВИКАШЕ НА ДОСТА ,,А, МОРИ БУГАРКЕ”, А КЉУСЕВ И ДИМИТРОВ НА БУГАРИТЕ ИМ ВЕЛЕА ДЕКА СМЕ БИЛЕ “ЕДИН НАРОД”

0
639

Стојменов: “Љубчо и зборуваше на Доста: а мори Бугарке – а мене не смееше така да ми каже. Сум го носел Љубчо, со порака од татко му, сум го чувал. Го носев Љубчо во Бугарија на средби со Мултигруп, шофер му бев, во 1993. Јас не се сретнав со Мултигруп.”

Стојменов потврдува дека е факт дека бил примен во ВМРО поради неговиот чичко Алекса Стојменов кој е бил соработник на Ванчо Михајлов.

Понатаму низ интервјуто Стојменов открива дека во 90-тите при пречек на бугарска парламентарна делегација, Кљусев и Димитров ги поздравиле гостите со “Здравејте, ние сме един народ”, на што од бугарска страна им било возвратено дека таа тема нив не им се допаѓа, дека е застарена и дека ниту еден во Софија под 30 години не се согласува со тоа.