СТОЈАН АНДОВ И ЉУБОМИР ГАЈДОВ ОСУДЕНИ ЗА КЛЕВЕТА КОН ФРЧКОСКИ

0
1557

Со две одвоени пресуди утврдена е одговорност за искажана клевета кон проф.Љубомир Д.Фрчкоски од страна на поранешниот Претседател на Собранието, Стојан Андов и новинарт Љубомир Гајдов.

Стојан Андов во книга посветена на атентатот на Глигоров сугерира дека организатор на истиот бил тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски (кому инаку Андов му „посветува“ дури две книги: „Обидите на Данаилов Фрчкоски“ и „До атентатот и по него“) .

Исто така утврдена е одговорност за искажана клевета од страна на новинарот Љубомир Гајдов кој на промоцијата на книгата на Андов јавно говореше дека наводно човек на ФБИ на коктел во САД од американските служби на увце му рекол дека организатор на атентатот е „од внатре“ односно министерот за внатрешни работи Фрчкоски.

Осудените лица ќе бидат задолжени јавно да ја објават Пресудата, која ги дефинира како клеветници.