Почитувани,
Денес како што најавивме претходно, продолжуваме со серијата прес конференции кои се поврзани со обелоденување и на партиски вработувања од времето на СДСМ во Прилеп.
Во една од минатите прес конференции спомнавме дека листата за ЈКП Водовод и Канализација Прилеп е огромна, што е невозможно во само еден прес, да се обелоденат сите имиња.
Потсетуваме дека за само за 4 години во периодот додека кадар на СДСМ раководеше со претпријатието, нововработени се 69 лица, замислете дури 69 лица, бројка која е блиску до половина од вкупниот број на вработени кои биле во ова претпријатие. Дополнителениот трошок за плати со овие вработувања изнесува речиси 2 милиони денари месечно.
Па така дел од позвучните имиња кои важат или некогаш важеа за партиски активисти истакнати членови или за лица блиски до партиски функционери се: Борис Стевананџија (сопруг на поранешната директорка на ООУ Кире Гаврилоски Прилеп), Никола Багески (поранешен советник во Општина Прилеп од редот на СДСМ), Мери Цветаноска (некогашна директорка на ЈП за ПУП во чие време се набавија 4-те автобуси за сума од 1 милион евра). Други позвучни имиња се Митреска Мери, Кимоска Елена, Јованоски Ѓорѓи, Глушеска Снежана, Јосифоски Панче, Стојчески Златко, Алиоски Сафет, Коруноска Снежана, Алексоска Соња, Стеваноска Менче, Трајкоска Анѓа, Спиркоска Матилда, Спасески Николче, Симоноски Владимир, Тоскоска Наде, Дамјаноски Михајло, Цуцулеска Даниела и уште многу други.
Нека не ни замеруваат останатите кои не се спомнати, бидејќи ветуваме дека ќе има и наредни прилики, затоа што списокот е долг.
Почитувани, СДСМ на локално ниво се минато. После пораз од 7500 гласа разлика, наместо да се преиспитаат каде згрешиле и зошто прилепчани ги казнија така катастрофално, глумат како да имаат изгубено осет со реалност. А реалноста е токму оваа, на која ќе ги потсетуваме во наредните прес конференции, за да знаат зошто во догледно време не само што нема да бидат локална власт, туку ќе ја изгубат и централната.