СТОПАНСКАТА КОМОРА СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА МВР И ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ЗА БРЗАТА РЕАКЦИЈА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ

0
863

„Благодарност до Министерството за внатрешни работи  за брзото постапување по барањето на Комората за пуштање на повеќе ленти за возила на ГП Табановце, со цел брз проток на патници, поради акцијата на Стопанската комора на Северна Македонија за имунизација од КОВИД 19 на претставниците од бизнис заедницата.

На ГП Табановце сообраќајот се одвива непречено и без застои“, објавија утрово од Стопанската комора на Северна Македонија потенцирајќи ја добрата соработка со МВР во интерес на граѓаните.