СТИПЕНДИИ ОД 18.000 ДЕНАРИ ЗА ИДНИТЕ АГРОНОМИ, ВЕТЕРИНАРИ И ШУМАРСКИ ИНЖЕНЕРИ – СТУДЕНТИТЕ НА ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ ЌЕ ДОБИВААТ 9 СТИПЕНДИИ ВО ГОДИНАТА

0
487

За мене токму овие три факултети имаат најголемо значење и придонес во државата – истакна во своето обраќање министерот Николовски.

Стипендии од 18.000 денари за девет месеци во годината ќе добиваат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус на земјоделскиот, шумарскиот или ветеринарниот факултет во сите универзитети и високообразовни установи во државата, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

МЗШВ со овеи трите факултети потпиша Меморандум за реализација на практична настава и кариерно унапредување на студентите и веќе во Министерството ги има првите 25 практиканти.

Ресорниот министерот Љупчо Николовски, заедно со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска учестуваа на академскиот час во организација на Факултетот за Земјоделски науки и храна, по повод 17-ти ноември Меѓународниот ден на студентите, каде министерот Николовски ја сподели оваа инфромација со студентите.

За мене токму овие три факултети имаат најголемо значење и придонес во државата, бидејќи создавааат нови генерации млади и стручни академски граѓани, кои со своето знаење треба да помогнат во развој на земјоделскиот сектор, зачувување на шумите, заштита и нега на сточниот фонд во државата и заштита на јавното здравје на граѓаните.

Развојот на земјоделството како стопанска гранка почнува токму од тука, од образовните институции.

Вие сте идните земјоделски и шумарски инженери, идните ветеринари, кои ќе ја имаат клучната улога во тој развој.

Токму затоа се гордеам со сите вие млади луѓе кои сте одбрале да изучувате еден од овие три факултети – истакна во своето обраќање министерот Николовски.