Стејт департментот се произнесе по изјавите на конгресменот за поделба на Македонија: САД го поддржуваат територијалниот интегритет на Македонија

0
877

Позицијата на САД кон Македонија не е променета, соопшти американскиот Стејт департмент во врска со изјавите на американскиот конгресмен Дејна Рорабакер дека Македонија треба да се подели меѓу соседите.

– САД гo признаваат и подржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Оваа позиција не е променета – изјавил претставник на американскиот Стејт департмент за Гласот на Америка на албански јазик.

Македонското МНР преку Амбасадата во Вашингтон вчера побара став од Стејт департментот за изјавите на Рорабакер дадени во интервју за телевизискиот канал „Визион Плус“ од Тирана. Рорабакер во интервјуто меѓу другото вели дека „создавањето на Македонија е пропаднат проект и оти сега биле созадени сите околности да се подели меѓу соседните држави, вклучувајќи ги и Косово и Албанија“.

Извор : Мета