СТЕВАНОСКИ : САЕМОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ОД 365 ДЕНА ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО ОД СТРАНА НА НИВНИТЕ ГРАДОНАЧАНИЦИ НИКОЈ НЕМАШЕ МОЖНОСТ ДА ГО ВИДИ КОЈ И ЗА ШТО СЕ ОТЧИТУВААТ ТАМУ

0
420
САЕМ на промените што носат иднина 365 дена отчет за сработеното од страна на градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ?

Најопштата формулација на поимот САЕМ, Википедиски означува настан кој претставува општествена манифестација, која им овозможува на приватни компании да ги изложуваат своите производи или услуги. Саемите според географската положба се делат на интернационални, национални и регионални саемски манифестации. Саемот претставува место каде луѓето остваруваат директен контакт со производителите на одредени производи.

Политички саем како што го нарекува Мицковски не може да се сретне во ниту една држава и во ниту еден период од политичко опшественото уредување на државите.
Поимот политички саем, сам по себе претставува политичка кампања на одредена политичка партија за одредена политичка цел. Дури и за тоа потребно е присуство на компетенција и од други политички субјекти.

Од кога тоа од јавен отчет за сработеното пред граѓаните, било која политичка партија би го ограничувала во тесен круг и под превезот “саем”?

Кој тоа имаше можност да види кој тоа таму се отчитуваше и за што?

Крајно, што тоа конкретно се сработи во Прилеп во изминатите 365 дена а може да се сумира во минимум 3 реченици?

Фејсбук статус на адвокат Жаре Стеваноски.