СТАРТУВАШЕ ИЗГРАДБА НА ДАЛНОВОД КОН АЛБАНИЈА ВРЕДЕН 35 МИЛИОНА ЕВРА – Спасовски: Воведуваме европски и светски трендови во електроенергетската дејност, го либерализиравме и го развиваме пазарот на електрична енергија

0
876

Со двата капитални проекти на МЕПСО – нов 400 киловолтен далекувод што ќе ги поврзува електропреносните системи на Република Северна Македонија и на Република Албанија, и новата 400/100 киловолтна трансформаторска станица во близина на Охрид, вредни 35 милиони евра, со поддршка на Европската банка за обнова и развој, во полна функција ќе биде ставен електроенергетскиот коридор исток-запад што значи транзит на струја од Бугарија, преку Северна Македонија и Албанија до Италија, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски во своето обраќање на настанот по повод потпишувањето на договорите на АД МЕПСО со „Енергоинвест“ од Република Босна и Херцеговина и со „Кончар“ од Република Хрватска, за изведба на овие проекти.

Тоа значи, рече премиерот Спасовски, дека електро-енергетските преносни системи на овие наши пријателски земји ќе бидат поврзани и ќе се стекнат со можност да се надополнуваат едни со други секогаш кога за тоа ќе има потреба.

„Во целиот овој процес МЕПСО е клучната за соодветна енергетската инфраструктура за да се обезбеди квалитетно и непрекинато снабдување со електрична енергија на стопанството, кое е еден од најважните предуслови за економски раст и развој на Република Северна Македонија. Без да се инвестира во енергетскиот сектор не можеме да зборуваме за раст и развој. Без вложување во модернизација на електромрежата, не може да се зборува за просперитетна држава, за систем што создава подеднакви услови за сите“, нагласи претседателот на Владата на Северна Македонија, Спасовски.

Спасовски потенцираше дека Владата давала, дава и ќе продолжи да дава безрезервна поддршка на МЕПСО за зголемување на преносниот капацитет на мрежата, за модернизација на електроенергетските постројки и за изградба на нови објекти во преносната мрежа на Република Северна Македонија.

„Со овој инвестициски циклус со кој се модернизира преносната мрежа на МЕПСО, ќе се зацврсти положбата на оваа компанија, која и сега е столб на сувереноста на Република Северна Македонија во енергетска смисла. Инвестираме во мрежата. Воведуваме европски и светски трендови во електроенергетската дејност, го либерализиравме и го развиваме пазарот на електрична енергија“, истакна премиерот Спасовски.На настанот по повод потпишувањето на договорите на АД МЕПСО со „Енергоинвест“ од Република Босна и Херцеговина и со „Кончар“ од Република Хрватска за изведба на овие проекти, беше нагласено дека со овие инвестиции се подига степенот на стабилноста на електроенергетските системи за подобра продуктивност што е од интерес за домашните и странските инвеститори кои имаат придонес во растот на економијата.

Во исто време, таа е и силен партнер со соседните електроенергетски системи и на тој начин, и преку МЕПСО, Република Северна Македонија е поврзана со регионот, но и со цела Европа.

„Оваа инвестиција е порака до сите домашни и странски инвеститори, сегашни и идни, дека создаваме одлични услови за работа и потврда на тоа дека сите потреби на електрична енергија ќе бидат задоволени. Нашата држава има клучна улога во регионалното енергетско поврзување и оттука оваа инвестиција е од огромно значење не само за нас, туку и за цел регион“, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески на церемонијата на потпишување на договорите меѓу АД МЕПСО и „Енергоинвест“ од Република Босна и Херцеговина и со „Кончар“ од Република Хрватска.„Договорите за изведба на двата исклучително значајни капитални проекти се реализација на стратешките определби на МЕПСО, како национален електропреносен систем оператор“, рече генералната директорка на акционерското друштво Ева Шуклева.

„Нашата задача е многу одговорна и истовремено благородна. Во континуитет да обезбедуваме доверлив и стабилен систем, баланс меѓу потрошувачката и производството на електрична енергија во секој момент. И тоа да го усогласуваме со соседните систем-оператори. Регионалното поврзување на електропреносните системи е долгорочен стратешки интерес за секоја држава. Врските со соседите значат електроенергетска стабилност – основа за секоја просперитетна економија. Нашата работа е токму тоа“, нагласи генералната директорка на АД МЕПСО Ева Шуклева.

Во завршницата на настанот со зборови на поддршка и благодарност се обратија и директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Скопје, господин Анди Аранитаси, како и претставниците на компаниите „Енергоинвест“ од Република Босна и Херцеговина и „Кончар“ од Република Хрватска.