СТАРИОТ ГЕНЕРАЛ ГИ ИЗРЕМЕТИ ВМРОВЦИТЕ: Имате вили на Халкидики, во џебовите имате бугарски пасоши а ги критикувате договорите со Грција и Бугарија!

0
1377

Поттикнат од говорот на пратеникот Дарко Костовски од ВМРО – ДПМНЕ кој го критикуваше СДСМ во продолжението на седницата за избор на влада, пратеникот Илија Николовски од Партијата на пензионерите од говорница порача дека основа на говорите на пратениците од ВМРО – ДПМНЕ е љубомора и завидување.

„Во вашите дискусии видов нешто што се вика љубомора или завидување. И токму на таа теза ги основате целокупните ваши дискусии. Зборувате за криминал, зборувате за корупција, а влегувате во симболот на криминалот на РСМ. Опкружени сте од сите страни со криминал. Вашето раководство е составено од енормно богати луѓе, кои во еден џеб носат странски пасоши најголем дел бугарски, а не го признавате Договорот за добрососедство со Бугарија. Го критикувате договорот со Грција, а имате вили и викендици на Халкидики. Ја критикувате министерката Шекеринска затоа што таа е министерка кога Македонија влезе во НАТО. Затоа што таа сега е министерка која седи заедно со министрите од најјаките светски сили и учествува до донесување на геостратегиски и политички одлуки“, рече пратеникот Николовски.

Додека зборуваше пратениците му дофрлија дека е полтрон, а тој само кусо им одговори да го слушаат и да се нервираат.

Николовски нагласи дека не дозволува никој на земјината топка да се претставува како поголем патриот од него, оти во најмлака рака, можеле да бидат еднакви патриоти, а потоа му објасни на Костовски дека единицата „Волци“ не е уништена, туку трансформирана.

„Зборувате за одбраната, а не знаете што е трансформација, а што е уништување. Единицата ’Волци’ не е уништена, таа трансформирана по стандардите на НАТО затоа што сме членка на НАТО, а тоа нашите партнери го бараат. Зборувате за Луј Витон. Таа чанта сега е кај вас и сега немам време да зборувам за феноменот Зоран Заев кој толку ви пречи и само устите ви се исполнети“, рече пратеникот Николовски.

На неговите забелешки реплицираше пратеникот Костовски.

„Не очекував со ВМРО – ДПМНЕ да се браните. Иако сте повозрасен, господине не ви го запаметив името, генерале, сметам дека вашата реплика беше за СДСМ не за мене. Ако сте патриот повелете во ВМРО – ДПМНЕ“, рече Костовски.