- Првенствено, се направи рационализација и се реши проблемот со превработеноста и тоа без никакви поголеми потреси. Потоа Комбинатот ги намали непродуктивните расходи, ја зголеми енергетската ефикасност во производството, ја подобри состојбата во градежните објекти, набави нова опрема неопходна за нормално одвивање на производниот процес и се ослободи од непотребните залихи, со што драстично се подобри продуктивноста на компанијата.
Кире Станкоски, генерален директор на ТКП во интервју за порталот ,,Фактор.МК”.