Thursday, May 8, 2025
18.8 C
Skopje

СТАМЕНКОСКА ТРАЈКОСКА: ВЛАДЕЈАЧКОТО МНОЗИНСТВО Е СТАБИЛНО, ПОБЕДНИК НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ БИДЕ ВМРО-ДПМНЕ

„Во било какво можно сценарио или било каква страшна состојба, владејачкото мнозинство во парламентот е многу стабилно, бројот на пратеници е во секој момент 75 или повеќе’’, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска на гостување во емисијата „Топ тема’’ на Телма.

Пратеничката појасни дека двотретинското мнозинство не е проблем, бидејќи законските решенија коишто се добри и квалитетни, имаат поддршка од поголем број на пратеници. Во однос на моменталната политичка состојба, таа појасни дека Таравари има само два избори кои се повеќе од јасни.

„Господинот Таравари има два избора, а тоа е поддршка на реформите и се она што значи надеж за добра иднина на Македонија или повторно да се врати назад, во она скандалозно и коруптивно семејство кое за жал 7 години владееше на овие простори’’, нагласи Стаменкоска Трајкоска.

Стаменкоска Трајкоска во емисијата се осврна и на коментарите на пратеничката Тренчевска, каде што на прашањето за реформи во државата, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ директно одговори дека во државата се работи на многу реформи во скоро сите општествени сфери.

„Со тоа што го имаме сработено и што го работиме, правиме реформи, и кога веќе го споменав образованието ќе кажам дека учебната година почна со учебници што беше мисловна работа во минатото. Учебната година почна со опрема и почна на многу поорганизиран начин отколку што беше претходно. Така што верувајте ми, на локалните избори нема да бидат 42 градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, туку ќе бидат многу повеќе, бидејќи за овие 42 градоначалници досега не слушнавме ниту еден скандал, а сите ги имаат реализирано своите програми’’, потенцираше пратеничката.

Стаменкоска Трајкоска заклучи дека оваа година ќе има само локални избори, на кои победник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

РОБЕРТ ПРЕВОСТ ЌЕ БИДЕ ПОЗНАТ КАКО ПАПА ЛЕО XIV

Американскиот кардинал Роберт Превост денеска беше избран за нов...

БЕЛ ЧАД ВО ВАТИКАН, ИЗБРАН Е НОВ ПАПА

Бел чад се појави од оџакот на Систинската капела,...

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЛЕВИЦА, ДИМИТАР АПАСИЕВ СО ГОВОР ВО ПАРКОТ НА ПОБЕДАТА ВО МОСКВА

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската...

ПРЕНЏОВ: ДУИ Е ПАРТИЈА БАЗИРАНА НА ШИРЕЊЕ НЕТРПЕЛИВОСТ, ЛАГИ И МАНИПУЛАЦИИ

На денешната седница на Комисијата за политички систем и...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ