Во последниот сет снимки што ги објавува денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека ќе се слушне како министерот Зоран Ставрески признава дека „долговите се трупаат а се мисли само на блиски бизниси до Никола Груевски и Сашо Мијалков“.
– Ќе слушнете како Јанкулоска признава дека Груевски е забеган – рече Заев.
Машкиот глас од снимката вели:
– Ми се повраќа на седница на Влада. Ние сме лудаци, ова што го правиме е ненормално, трошиме на чоколада а немаме леб.