СРЦКИ ТИЕ УБАВИ, ГУГУТЧИЊА ТИЕ ЗЛАТНИ, МАМЕТО НИВНО ФАШИСТИЧКО, КВИНСЛИНЗИ ЕДНИ ПЛАТЕНИЧКИ – Бугарски Фокус : Милошоски и Џамбаски одеа на гробот на Александров, а Филип Петровски нудеше пари за поддршка на Груевски

0
2356

Под наслов „Хистеријата продолжува“, сопственикот и уредник на бугарската новинска агенција Фокус пишува за тоа како дел од македонските медиуми известуваа за посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Бугарија. Красимир Узунов се чуди на реакциите на Антонио Милошоски, човекот што со Ангел Џамбаски одел на гробот на Тодор Александров, и на Филип Петровски, човекот што му нудел пари за поддршка на Груевски по бугарските медиуми.

„Иако посетата на македонскиот премиер Зоран Заев во Софија заврши, дебатата во скопските медиуми за иднината на бугарско-македонските односи продолжува да се заострува, наместо да се најде мирно и разумно толкување.

За само два дена во изданијата и телевизиите што со години се под влијание на партијата на Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ, објавени се повеќе од 300 публикации посветени на бугарско-македонските односи, на јазичниот спор, на македонскиот идентитет, на историјата на бугарскиот фашизам, на купување на Заев од страна на Бугарија и на што ли уште не.

Само на официјалната страница на ВМРО-ДПМНЕ може да се најдат 13 официјални пораки поврзани со оваа тема, во кои се бара целосна ревизија на договорот со Бугарија, консултации со историчарите за учебниците, зачувување на македонскиот идентитет, обвинувања против Божидар Димитров, Ангел Џамбаски, како и обвинувања дека Бугарија наметнува договор што ќе го уништи македонскиот национален идентитет.

По престојот во Брисел, на профилот на поранешниот премиер Груевски по социјалните мрежи ја нема само средбата со премиерот Борисов. Тука се турскиот министер Чавушоглу, европратеникот Вајгл, еврокомесарката  Могерини…

Во официјалното соопштение за средбата со премиерот Борисов за време на самитот на ЕПП во Брисел, Груевски објаснува дека опозицијата и јавноста не биле запознаени со разговорите во Софија.

 Останува забележана посебната активност во антидобрососедското зборување на еден од најпознатите долгогодишни бугарски штитеници, Антонио Милошоски, кој на пример, не се срамеше од нашата заедничка историја кога живееше на имотот на ВМРО на Красимир Каракачанов во Софија и Варна, кога заедно со Ангел Џамбаски одеше на гробот на Тодор Александров и најверојатно добивал и стипендија од организацијата.

Слично е однесувањето и на Филип Петровски, директор на Државниот архив и сопственик (по негови зборови) на порталот Пулс 24, каде што за само два дена беа објавени 43 текста против договорот со Бугарија и против самата Бугарија. Петровски, кој е од Куманово, пред една година дојде во Софија и понуди пари за да се пишува во корист на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ (за да го реши проблемот во Белград), велејќи дека се гордее дека успеал да извади бугарски пасоши за двајцата родители.

Петровски денес пишува дека заедничката прослава на Илинден од Бугарија и Македонија е небулоза, а доаѓањето на Борисов на Мечкин Камен е еднакво на поканата до Ердоган заедно со Турците да се прославува Илинденското востание…“, пишува Узунов.

Извор: МКД.мк