СРПСКИОТ МИЛИЈАРДЕРСКИ МЕДИУМСКИ МОГУЛ СОПСТВЕНИК НА СПОРТКЛУБ И ТОТАЛ ТВ ГО КУПИ АНГЛИСКИОТ ФУДБАЛСКИ КЛУБ САУТЕМПТОН ЗА 200 МИЛИОНИ ФУНТИ

0
741

Српскиот милијардер Драган Шолак го купи англискиот фудбалски премиерлигаш Саутемптон и неговата групација сега поседува контролен пакет од 200 милиони фунти.

Неговата компанија Спорт Репаблик, позната и по каналите Спортклуб, го купи мнозинскиот пакет акции од 80 отсто од кинескиот тајкун Јао Јишенг и вети дека ќе го направат Саутемптон „камен-темелник“ на групата клубови од други првенства што планираат да ги купат.

Тие имаат за цел создавање мрежа слична на онаа на Сити Груп, кој е сопственик на Манчестер Сити, и групата Ред Бул, чии клубови ги вклучуваат германскиот РБ Лајпциг и австрискиот Ред Бул Салцбург.

Драган Шолак, основач на телекомуникациската и медиумската фирма United Group, кој има лично богатство од повеќе од 1 милијарда фунти, ќе биде главен инвеститор на Sport Republic.

Расмус Анкерсен, поранешен претседател на ФК Митјиланд и директор за фудбал на Брентфорд, ќе биде извршен директор на групата. Тој ги напушти тие работни места минатиот месец откако организираше историски подеми во двата клуба.