Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во областа Вахау, се сретна со новата федерална Канцеларка на Република Австрија, Бригите Бирлајн.
На средбата канцеларката Бирлајн искажа очекување дека многу скоро Австрија ќе ја поздравува Северна Македонија како членка на Европската Унија. Бирлајн го поздрави последниот позитивен извештај на Европската Комисија за Северна Македонија и повтори дека нејзината земја и натаму ќе остане верен пријател и поддржувач на Северна Македонија.