Средба на министерката Ременски и ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар

0
926

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Европска унија во Република Македонија, Самуел Жбогар.

Состојбите и функционирањето во Mинистерството за труд и социјална политика, состојбата со мигрантите и бегалската криза, како и механизмите за контрола и непречено спроведувањето на претстојните парламентарни избори беа тема на разговорот со амбасадорот.

Исто така, спроведувањето на европските програми нивната реализација и резултатите коишто треба да се постигнат се од особено значење за европските интеграции на нашата земја.