Средба Заев – Ван Калстер: Целосното повлекување на аболицијата беше неопходно во напорите за обезбедување на еднаквост на правдата во Македонија

0
1002

Соопштение на СДСМ:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Белгија, Аник Ван Калстер, со која разговараше за актуелната политичка криза во Македонија и излезните решенија.

Заеднички е констатирано дека целосното повлекување на аболицијата беше неопходно во напорите за обезбедување на еднаквост на правдата во Македонија, како и за одблокирање на политичкиот процес за наоѓање мирно решение на кризата.

– Потребно е што поскоро да се организира Влада според предвиденото во Договорот од Пржино, којашто преку прецизни рокови ќе може да ги обезбеди потребните услови за фер и регуларни избори во Македонија. Тоа се пред се утврдување Избрачкиот список и објективно медиумско известување. Со политичка волја ова е брзо и практично изводливо, со што изборите би можеле да се одржат наесен. На граѓаните им е потребна стабилна и чесна Влада избрана на веродостојни избори – рече Заев.

На средбата се разговараше и за потребата од функционирање на независни институции во Македонија, како што е Специјалното јавно обвинителство.

– Затоа СДСМ, опозицијата и граѓаните на Македонија бараат Уставниот суд што побрзо да се изјасни за уставноста на Законот за СЈО, со што ќе се овозможи оваа институција ефикасно да ја заврши својата работа. Оваа институција е искра надеж за граѓаните дека е можно возобновување на демократскиот поредок во Македонија – објасни Заев.

Заев и белгиската амбасадорка заеднички констатираа дека граѓаните на Македонија заслужуваат подобар живот, а Република Македонија место во ЕУ и НАТО, поради што секој треба да го понесе својот дел од одговорноста на тој пат.